
Bitcoin би можел да достигне вредност од 250.000 долари веќе до крајот на оваа година, според Чарлс Хоскинсон, основачот на блокчејнот Cardano и еден од пионерите на крипто индустријата, во разговор со CNBC. Тој вели дека големите технолошки играчи како Microsoft и Apple кои влегуваат во криптосферата би можеле да бидат клучни катализатори за тој раст.
Пазарите на крипто беа под притисок поради распродажбата на ризичните средства, што беше предизвикано од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за голем број земји.
Биткоинот сè уште е далеку под рекордното ниво
Минатата недела биткоинот падна под нивото од 77.000 долари, но во средата скокна над 82.000 долари откако Трамп привремено ги намали тарифите на 10 отсто за повеќето земји, оставајќи простор за трговски преговори.
Сепак, биткоинот сè уште е далеку под рекордното ниво од јануари, кога надмина 100.000 долари. И покрај ова, многумина во индустријата остануваат крајно оптимисти.
„Верувам дека биткоинот ќе достигне 250.000 долари до крајот на оваа или следната година“, изјави Хоскинсон за CNBC за време на снимањето на подкастот Beyond The Valley.
„Трговската војна ќе стивне, а пазарот ќе најде нова рамнотежа“
Хоскинсон верува дека трговските тензии на крајот ќе стивнат и пазарите ќе ги стабилизираат очекувањата:
„Целата работа за царините ќе биде неуспешна. Луѓето ќе разберат дека светот сака да преговара и дека навистина се сведува на САД наспроти Кина. Некои ќе бидат со нас, некои со Кина“, рече Хоскинсон.
„Пазарите малку ќе се смират, ќе се навикнат на новата нормала, а потоа централната банка на САД ќе ги намали каматните стапки.
Тој ги даде овие коментари пред Трамп да објави привремено повлекување на повеќето царини.
Фото: Pixabay