
Инвестициската банка Голдман Сакс ја повлече својата најнова прогноза според која има 65 отсто шанси Америка да влезе во рецесија оваа година.
Банката сега се врати на претходната проценка и предвидува ризик од рецесија од 45 проценти.
Во меморандумот за внатрешно истражување што го виде Би-Би-Си, Голдман Сакс наведува:
„Претходно денеска, пред најавата на претседателот Трамп, се префрливме на сценарио за рецесија поради дополнителни царини против одредени земји кои стапија на сила утрово. Сега се враќаме на нашето претходно сценарио без рецесија.
Слично размислување има и во JPMorgan
Сличен тон дојде и од JPMorgan, кој рече дека ќе ја „ревидира својата прогноза во наредните денови“, бидејќи ризикот од рецесија сега изгледа „понеизвесен“ откако Трамп најави 90-дневно одложување на зголемувањето на царините за повеќето земји. Претходно оваа недела, JPMorgan ја зголеми проценката на ризикот од рецесија на 60 проценти.











