
Идејата беше Renault, кој во еден момент го презеде AutoVAZ, да ја претстави новата Lada Niva, која ќе биде блиску до Dacia Duster. Но, тогаш Русија ја нападна Украина, започна војната, светот се промени и AutoVAZ повторно стана руска компанија. Наместо новата Лада Нива, во производство остана старата позната како одличен теренец, но по сите стандарди застарен модел.
Во AutoVAZ решија да ја направат Niva поатрактивна, па претставија спортски модел (условно) Lada Niva Sport, пишува es.motor1.com. Велат дека со ова возило управувало одделот на Лада Моторспорт. Се споменува дека е вграден 1,7-литарски бензински мотор со 16 вентили и 122 КС при 5900 вртежи во минута и 151 Nm вртежен момент при 5000 вртежи во минута. Наводно, менувачот и редукторот се подобрени. Максималната брзина достигнува 162 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 трае 11,8 секунди. Не баш спортски перформанси, но секој напредок е во ред. Инженерите од Lada Motorsport ги подобрија сопирачките и суспензијата, а на застарениот дизајн додадени се нови тркала од 17 инчи, браници, светла… Возачите и совозачот ќе седат на спортски седишта, а на горниот дел од воланот има дури и црвена лента, што сугерира дека сте во возило со спортски претензии, пренесува Ревија Хак.
Воглавно, кога би пресметале Lada Niva Sport би чинела нешто помалку од 18.000 евра. Значи главниот адут, поволна цен останува.
Printscreen