
Наместо поевтинување, половните коли остануваат луксуз за многумина.
Половните автомобили во Македонија нема да поевтинат, бидејќи давачките за увоз сè уште се највисоки во регионот. Иако се очекуваше дека од 1 јануари годинава ќе има намалување, тоа не се случи. Од Владата најавија дека ќе направат подетална анализа за промена на даноците за увоз на половни автомобили. Увозниците велат дека давачките за увоз се многу високи и ја креваат цената на половните автомобили. Освен тоа, сè уште постои неизвесност околу царинските тарифи кои ги воведе САД, поради кои увозот на половни возила од Европа може да поскапи, а дел од трошоците ќе паднат на крајните купувачи.
–Кај нас автомобилите се најскапи во регионот, а тоа се должи на високите давачки. Во Словенија се плаќа само ДДВ, а ние плаќаме и царина и ДДВ. Така на пример БМВ 5 во Словенија чини 38 илјади евра, а кај нас 45 илјади евра. Со години се бориме да се намалат давачките кои изнесуваат над 60 отсто од вредноста на возилото. Така на пример за возило купено во странство 15 илјади евра на државата и плаќаш 9.500 евра, вели за „Локално“ Александар, сопственик на автоплац.
Тој вели дека ако државата ги намали давачките ќе се намалат и половните звтомобили. Стандардот на граѓаните е низок и најбарани се оние автомобили кои чинат од 3.000 до 5.000 евра, а сега тешко се наоѓа автомобил во добра состојба за 3 илјади евра. За 7.000 евра веќе може да се купи солидно половно возило со старост од десет години.
Целиот текст на Локално.мк