Фармацевтски бум во ЕУ: Рекорден трговски суфицит од 193,6 милијарди евра

Во изминатата година Европската унија постигна рекордно ниво на трговски суфицит во секторот медицински и фармацевтски производи во вкупен износ од 193,6 милијарди евра, објави денеска Евростат.

Извозот на медицински и фармацевтски производи од Европската унија во изминатата година е вреден 313,4 милијарди евра и бележи раст од 13,5 отсто во однос на 2023 година, додека увозот бележи само скромен раст од 0,5 отсто, во вкупен износ од 119,7 милијарди евра.

Во 2024 година, Германија беше најголемиот извозник на медицински и фармацевтски производи надвор од ЕУ (67,9 милијарди евра), по што следат Ирска (56,6 милијарди евра) и Белгија (41,4 милијарди евра).