
Глобалниот воздушен сообраќај во 2024 година, со околу 9,5 милијарди патници ширум светот, го надмина нивото од 2019 година, објави денеска Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World).
Како што е наведено, ова претставува раст од 3,8 проценти во однос на периодот пред пандемијата COVID-19 и 9 проценти во однос на 2023 година.
Најпрометниот аеродром во светот останува Хартсфилд-Џексон Атланта, додека меѓународниот аеродром во Дубаи и меѓународниот аеродром во Далас го заземаа второто и третото место.