ЕК: Сè повеќе земји сакаат трговски договори со ЕУ по американските царини

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен изјави дека сè повеќе земји во светот сакаат да склучат трговски договори со ЕУ, наведувајќи дека тоа е „позитивен спореден ефект“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми тарифите за стоките увезени во САД.

Фон дер Лајен изјави за германскиот весник Цајт дека „Европа е целосно будна“ за можностите за „нов светски поредок“.

„Во моментов одржувам голем број разговори со шефови на држави и влади ширум светот кои сакаат да работат заедно со нас на новиот поредок“, рече фон дер Лајен.