Дали е вистинско време за купување стан? Недвижностите во ЕУ пораснаа и до 18%

Според податоците за четвртиот квартал од 2024 година, цените на недвижностите во Европската унија забележаа значителен раст на годишна основа, со просечен пораст од 4,9%.

Сепак, разликите меѓу земјите-членки се големи. Најголем пораст на цените е забележан во Бугарија – 18,3%. Следува Унгарија со раст од 13,0%, Португалија (11,6%) и Шпанија (11,4%).

На врвот се и Холандија (10,8%), Полска (10,4%) и Хрватска, каде цените на недвижностите се зголемија за 10,1%.

Цените на недвижностите во ЕУ

Пазарните услови укажуваат дека растот на цените на станбените недвижности ќе продолжи и годинава, но може да биде поблаг од претходните години, сметаат експертите.

Последните статистички податоци покажуваат натамошен нагорен тренд на цените на станбените недвижности, доминантно во сегментот на новоградбите, додека пазарните околности не навестуваат дека овој тренд може да се промени. Корекцијата е видлива кај помал број трансакции, што значи дека пазарот е забавен, а проблемот со недостапноста сè уште е сериозен предизвик во целата Европска унија.

Фото: Pixabay