Можностите за инвестирање во земјава претставени пред инвеститорот на „Белград на вода“ и гигантите од Дубаи

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи имал повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар – основач и управен директор на Игл Хилс, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди – директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи – извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.

Мицкоски на Фејсбук објави дека на средбите ги преставил можностите за инвестирање во Македонија и напорите на Владата земјата да се најде на мапата на светските инвеститори.

1.Иналу Игл Хилс е приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Компанијата веќе има инвестирано во Албанија, Унгарија и Србија.
 -Во нејзиното протфолио е „Белград на вода“
2.Абу Даби развојниот холдинг од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции.
Само за илустрација во 2024 година, ADQ и владата на Египет потпишаа договор за ADQ да инвестираат 35 милијарди американски долари во развојот на Рас ел-Хекма на египетскиот медитерански брег. Договорот му дава право на ADQ да развие 130 милиони квадратни метри земја, и е најголемиот договор за странски инвестиции во историјата на Египет.
3. Додека Масдар е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција.
Масдар е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција.
Со сите овие компании разговарав за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија која како држава доцни во лобирањето да се најдеме на инвестициската мапа на овие светски економаки гиганти. Даваме сè за да обезбедиме иднина и просперитет за нашите граѓани.
Ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори.
Контактите продолжуваат и нашата борба за напредок и развој, стои во објавата на Фејсбук.