
Катар и Русија инвестираа нови 2 милијарди евра во заеднички инвестициски фонд
„Ова е договор за проширување на нашата инвестициска платформа со Катар, во износ од околу две милијарди евра, по една милијарда на секоја страна. Ова ќе ни овозможи да направиме поголеми инвестиции и да привлечеме поголем износ на катарски инвестициски фондови во различни проекти во Русија“, рече Кирил Димитриев, шеф на рускиот државен фонд за директни инвестиции РДИФ. Подоцна РДИФ објави во соопштение дека договорот со државниот инвестициски фонд на Катар QIA ќе се фокусира на инвестиции во технологија, здравство, минерали и „други сектори од заеднички интерес“.
Тие два фонда во 2014 година отворија заеднички фонд вреден 4 милијарди долари. Димитријев им рече на новинарите дека Катар е главниот инвеститор во руската инфраструктура и дека руските компании се заинтересирани да влезат на пазарот на Блискиот Исток со катарските партнери.
Договорот беше потпишан на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва.











