
Каде се најголемите и најмалите саатници?
Според податоците на Евростат за 2024 година, просечните трошоци за работна сила на час во Европската унија (вклучувајќи ги и државните придонеси) изнесуваат 33,5 евра и се движеле од 10,6 евра во Бугарија до 55,2 евра во Луксембург, пишува Euronews.
Земјите со највисоки трошоци за работна сила се оние во Северна и Западна Европа, предводени од нордиските земји. Норвешка, Исланд и Данска, заедно со Белгија, Холандија, Австрија, Франција и Германија, бележат рекордни саатнини0 кои надминуваат 40 евра. Во Норвешка и Исланд трошоците за работна сила надминуваат 50 евра на час.
Од друга страна, најниски трошоци за работна сила се очекувано во источниот дел на ЕУ – Бугарија (10,6 евра), Романија (12,5 евра) и Унгарија (14,1 евра) се на дното на скалата.
Со саатница од 16,5 евра (вклучувајќи ги и државните придонеси) Хрватска е на дното во Европа (шести по најниски трошоци за работна сила во ЕУ).
Јужноевропските земји како Италија (30,9 евра), Шпанија (25,5 евра), Португалија (18,2 евра) и Грција (16,7 евра) се на средината на европската скала, иако се уште имаат значително пониски трошоци за работниот час од северните земји.











