Пазарот на луксуз во Дубаи никогаш посилен – Но еве што ги загрижува експертите!

Бумот на пазарот на луксузни недвижности во Дубаи продолжи во првиот квартал од 2025 година, при што богатите купувачи повторно урнаа рекорди за домови вредни повеќе од 10 милиони долари.

Во текот на првите три месеци од оваа година се продадени 111 луксузни недвижнини, што претставува раст од 5,7 отсто во однос на истиот период минатата година, објави истражувачката компанија Knight Frank. Од нив, 12 куќи се продадени за 25 милиони долари или повеќе, според нивниот извештај, пренесе Блумберг.

Овој скок во продажбата покажува дека пазарот на недвижности во Дубаи продолжи да бележи силна побарувачка, дури и пред превирањата на глобалните пазари во април, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави огромни глобални царини.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека пазарот на недвижности во Дубаи сега влегува во поризичен период. Богатите поединци од целиот свет би можеле да се повлечат поради растечката несигурност, а дополнителен притисок може да дојде од падот на цената на нафтата, што би ги забавило економиите во Заливот.

„Бројките од првиот квартал ја одразуваат континуираната побарувачка кај глобалните ултра богати поединци кои бараат уникатни, престижни имоти“, рече Фајсал Дурани, шеф на истражувањето за Блискиот Исток во Најт Френк.

Сепак, тој додаде дека неодамнешните промени на глобалните пазари би можеле да влијаат на Дубаи.

Сè уште е рано да се извлечат заклучоци, но мора да внимаваме на промена на расположението на инвеститорите“, рече Дураниј. „Секогаш постои ризик од ширење негативно расположение, кое не може да се контролира одвнатре.

Од 2020 година, побарувачката за недвижен имот во Дубаи силно се зголеми, благодарение на начинот на кој владата управуваше со пандемијата и либералните визни политики, кои привлекоа голем број странски купувачи. Луксузниот крај на пазарот, вклучувајќи ги и вилите на островите во форма на вештачка палма, има особено голема корист од приливот на богати иселеници.

Во првиот квартал, Palm Jumeirah остана една од најбараните локации, со 34 трансакции со недвижен имот во вредност од повеќе од 10 милиони долари, во вкупна вредност од 562,8 милиони долари, според Најт Френк.