Која индустрија има потенцијал да профитира од царините на Трамп

Продавниците кои продаваат користена облека, обувки и додатоци се подготвени да профитираат од трговската војна на претседателот Доналд Трамп, иако бизнисите ширум светот се обидуваат да ја избегнат потенцијалната штета, според експертите од индустријата.

Американските модни стилови имаат меѓународно влијание, но речиси целата облека што се продава дома е направена на друго место.

Лабораторијата за буџет на Универзитетот Јеил минатата недела процени дека цените на облеката ќе пораснат за 65 отсто, а на кожата за 87 отсто, истакнувајќи дека американските тарифи „несразмерно влијаат“ на тие производи.

Ваквите зголемувања на цените би можеле да ги поттикнат потрошувачите да се свртат кон интернет-страниците за препродажба, бутиците и продавниците кои продаваат таканаречени производи од втора рака, односно веќе носена облека, во потрага по поволни цени или начин да ја претворат својата гардероба во готовина. Половните артикли се поевтини од новите еквиваленти и подлежат на царина само доколку доаѓаат надвор од државата.

– Мислам дека препродажбата ќе расте на пазар во опаѓање. Мислам дека во ова хаотично опкружување, каналите кои носат вредност ќе продолжат да победуваат – изјави Кристен Класи-Зумо, аналитичар од конфекциската индустрија во маркетинг фирмата Circana.

Иако пазарот за признати брендови е намален на половина, одѕивот за модата од втора рака доаѓа со непознати, вклучително и дали тарифите на Трамп ќе останат доволно долго за да влијаат на потрошувачите и да го променат нивното однесување.

Исто така, не е јасно дали половните препродавачи ќе ги зголемат своите цени, или за да ја следат општата пазарна динамика или за да одговорат на побарувачката на клиентите, пишува Асошиејтед прес.