Цената на златото се вивна до нов рекорд

Благородниот метал сега на берзата чини речиси 3.490 долари

Цената на златото надмина 3.486 долари за фина унца, откако во понеделникот скокна за 2,9 отсто. Само оваа година цената веќе скокна за една третина, а нов рекорд е поставен откако Доналд Трамп се закани дека ќе го смени шефот на ФЕД, пишува „Блумберг“.

Цената на златото продолжува да расте, достигнувајќи ново рекордно ниво во вторник поради загриженоста од зголемените тензии меѓу Трамп и претседателот на Федералните резерви Џером Пауел. Трамп се закани дека ќе го отпушти Пауел, иако нема овластување да го стори тоа, бидејќи ФЕД одбива да ги намали каматните стапки поради страв од враќање на високата инфлација.

– Брзиот раст на цената на златото годинава покажува дека пазарите имаат помала доверба во Америка од кога било. Наративот „трговија на Трамп“ еволуираше во наратив „трговија со Америка“ – вели Ли Лианг Ле, аналитичар во Kalanish Index Services.

Цената на златото веќе порасна за една третина од почетокот на 2025 година, бидејќи трговските тензии ги нарушија пазарите и ја намалија довербата во доларот, што ги поттикна инвеститорите да се свртат кон традиционалните безбедни засолништа. Цените на златото бележат раст секој месец од почетокот на годината. Групацијата Goldman Sachs предвидува дека благородниот метал би можел да достигне цена од 4.000 долари за унца до средината на следната година.