Европејците сè повеќе ја користат алатката ChatGPT

Корисниците во Европа сè повеќе ја користат алатката ChatGPT на компанијата Open AI , според тековниот извештај на калифорниската фирма.

Во шесте месеци кои завршуваат на 31 март, приближно 41,3 милиони луѓе ја користеле услугата на месечна основа во Европа, што претставува значително зголемување од приближно 11,2 милиони просечни месечни корисници за шесте месеци кои завршуваат на 2 октомври, известува TechCrunch.

Open AI редовно објавува информации за пребарувањата на ChatGPT во согласност со Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA) кој регулира многу аспекти на онлајн услугите во европските земји.