
Европските и американските индекси денеска главно се во пораст откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека не планира да го смени претседателот на американската централна банка Џером Пауел.
Веста ги увери инвеститорите кои беа загрижени за независноста на ФЕД и стабилноста на монетарната политика.
Европските фјучерси на гас за мај се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 34,655 евра за мегават-час.
Според досегашните податоци на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 63.716 долари, а на нафтата од типот брент на 68.443 долари, пренесува Танјуг.
Цената на златото падна на 3.306,24 долари за унца, откако вчера цената на благородниот метал се искачи на рекордни 3.500 долари.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,13910, што е за 0,26 отсто помалку од вредностите од вчерашното тргување.











