Apple планира да го премести производството на сите ајфони за американскиот пазар во Индија во 2026 година

Американската технолошка компанија Apple планира да го премести производството на сите iPhone-и за американскиот пазар во Индија до крајот на следната година.

Apple се обидуваше да ги диверзифицира своите синџири на снабдување во минатото, но сега има намера да го забрза овој процес, објавува „Financial Times“ (FT) повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Компанијата од Купертино сака да го забрза излегувањето од Кина за да ги ублажи ризиците што произлегуваат од царините и геополитичките тензии.