
Саудиска Арабија и Катар објавија дека ќе го подмират долгот на Сирија кон Светската банка, кој достигнува приближно 15 милиони американски долари.
Оваа информација за подмирување на долгот следи по неколку дена откако гувернерот на сириската Централна банка и сирискиот министер за финансии земаа учество на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.
“Оваа обврска ќе го отвори патот за продолжување на поддршката и операциите на Светската банка во Сирија, по прекин од повеќе од 14 години.”
Во заедничкото соопштение се потенцира дека ова ќе ѝ овозможи на Сирија и достапност до краткорочна финансиска помош за развој на клучните сектори.
Поголем дел од инфраструктурата на државата е разурнат во текот на 14-годишната граѓанска војна.
Новата сириска власт работи на воспоставување повторна врска со меѓународните институции со цел да го помогне обновувањето на земјата, да ја зајакне економијата и да обезбеди отстранување на санкциите.
Светската банка ја прекина соработката со Сирија на самиот почеток на конфликтот. Сириските власти се надеваат дека богатите земји од Персискиот Залив ќе помогнат во рехабилитација на државата











