Каде се наоѓа Македонија на листата на најмоќни балкански пасоши?

Кога станува збор за моќта на пасошите на Балканот, Северна Македонија се наоѓа на осмата позиција, според најновиот Visa Guide Passport Index 2025. Иако не е на самиот врв, македонскиот пасош сепак овозможува влез без виза или со виза по пристигнување во значителен број држави ширум светот. Пред Македонија се наоѓаат Хрватска, Грција, Црна Гора и Србија, додека по Македонија следат Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

На врвот на балканската листа е Хрватска, а потоа следи Грција. Следуваат Словенија, Бугарија и Романија, кои нудат најголема патна слобода за своите граѓани во регионот. Оваа ранг-листа ги одразува можностите за патување без визни ограничувања и ја покажува различната геополитичка положба на секоја земја во регионот.

Ако се погледне на глобално ниво, според истиот индекс,  македонскиот пасош е на 78 -мо место, хрватскиот пасош е на 18-то место во светот. Грчкиот е на 22-ро, а словенечкиот на 25-то.

Српскиот пасош е на 67-мо место, а црногорскиот пасош на 73-то место.