Yahoo сака дел од Google: Ако Chrome е на продажба…

Интернет компанијата Yahoo е заинтересирана да го купи прелистувачот Chrome на Google доколку американскиот федерален судија одлучи дека Google мора да го продаде за да избегне антимонополски обвиненија, изјави извршниот директор на Yahoo Search, Брајан Провост, на судско рочиште.

Според неговите зборови, Yahoo проценува дека Chrome ќе се продава по цена од неколку десетици милијарди долари, пренесува Bloomberg.

Yahoo беше водечки играч на пазарот за онлајн пребарување на почетокот на 21 век, но подоцна ја изгуби својата позиција по успехот на Google.