
Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ферари“ претстави нови хибридни возила со почетна цена од 400.000 евра.
Станува збор за нови верзии на купето V-6 296 GTB и родстерот 296 GTS, а инженерите ги модернизирале, ја намалиле тежината и ја зголемиле моќноста и брзината.
Основната цена на моделот 296 Speciale ќе биде 407.000 евра во Италија, а почетната цена на моделот 296 Speciale A ќе биде 462.000 евра, објавува Yahoo.











