Лајен: Сега светската трговија се свртува кон нас

Светската трговија се врти кон Европа затоа што другите земји сакаат договори со ЕУ, објави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

На состанокот на Европската народна партија во Валенсија, претседателот на ЕК истакна дека Европската унија „веќе има најголема мрежа на договори за слободна трговија, 76 од нив“ со земји од целиот свет.

„Сега светската трговија се свртува кон нас“, смета фон дер Лајен, во време кога светот е загрозен од воведувањето на американските царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април.

Од крајот на минатата година, ЕУ потпиша нов бран трговски договори, од јужноамериканскиот сојуз Меркосур, до Мексико и Швајцарија, потсети претседателот на ЕК.

„Сега соработуваме со Индија и Индонезија, Обединетите Арапски Емирати и Тајланд, Филипините и Малезија, со Пацификот. Сите тие сакаат договор со нас. Бидејќи сме фер, сигурни и играме според правилата“, нагласи таа, пренесува Н1.

Затоа, да останеме на тој пат, со ладна глава и обединети, рече таа.