
Трговските маржи за 102 групи на производи завршуваат денес. Истекува владината мерка за нивно ограничување, а од Министерството за економија денеска најавија дека цените постојано се следат и ако има било какво зголемување, веднаш ќе се интервенира со уште подраконски казни. Ограничувањата на маржите почна на 20-ти февруари. Мерката донесе преку 600 инспекциски контроли во трговијата на големо и на мало. Беа затворени осум објекти, претежно увозници на овошје и на зеленчук. Казните собраа преку 3 милиона денари. Од друга страна, опозицијата ја критикува мерката, тврдејќи дека наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови без реален ефект.
За дел од експертите најдобрата економска политика е таа во која Владата најмалку се меша. Кога пазарот функционира слободно, без политичко диктирање, тогаш тој природно ги распределува ресурсите онаму каде што се најпотребни. Според економистот, Зоран Витанов, компаниите се натпреваруваат, цените се формираат транспарентно, а иновациите се движечка сила на напредокот.
-Кога владата интервенира – преку контрола на цени, субвенции или регулации – таа често прави повеќе штета отколку корист. Наместо да го реши проблемот, го продлабочува: се создава недостиг, се гасне претприемништвото, а граѓаните стануваат зависни од системот. Запомнете дека економската слобода е основа за секоја друга слобода. Кога државата контролира колку ќе заработиме, што ќе купиме или како ќе инвестираме, таа всушност ја контролира нашата иднина. Ниту една влада и ниту еден министер не е ниту приближно успешен како претприемачите на слободен пазар. Како тогаш очекувате помалку успешните да знаат да напрваат економски рзвој поголем од оние кои веќе успеваат на пазар во услови на остра конкуренција? Пазарот со кондоторски производи веќе функционира во услови на остра конкуренција и уште повеќе се заострува со влегувањето на Лидл, вели Витанов во разговор за „Локално“.
Целиот текст на Локално.мк











