Најмногу во Бугарија, Романија, Грција -93,3 милиони луѓе биле изложени на ризик од сиромаштија во ЕУ

Во Европската Унија, 93,3 милиони луѓе биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2024 година, што е околу 21 процент од вкупното население, објави  Евростат.

Статистичката служба на ЕУ вели дека во споредба со 2023 година, имало мало намалување на тој број од 0,3 процентни поени, со 21,3 проценти од населението (94,6 милиони луѓе).

Дотичните лица живееле во домаќинства кои се соочуваат со барем еден од трите ризици од сиромаштија и социјална исклученост: ризик од сиромаштија или тешка материјална и социјална депривација и живеење во домаќинство со многу низок интензитет на работа.

Нивниот удел во населението на земјите-членки на ЕУ варираше, а највисоките вредности се забележани во Бугарија (30,3 проценти), Романија (27,9), Грција (26,9), Шпанија и Литванија (и двете по 25,8).

Од друга страна, најнизок удел е забележан во Чешка (11,3 проценти), Словенија (14,4), Холандија (15,4), Полска (16) и Ирска (16,7).