
Додека поголемиот дел од светот троши пари на флаширана вода во потрага по „чистота“, во Финска граѓаните ја пијат најчистата вода на планетата секој ден – директно од чешма.
Според најновото истражување спроведено од Финскиот институт за здравство и благосостојба, водата од чешма во оваа нордиска земја честопати го надминува квалитетот на многу комерцијални флаширани води.
Тајната на финската вода од чешма лежи во нејзиниот природен извор, подземни водоносни слоеви кои се речиси недопрени од човечката активност. Водата е минимално преработена, бидејќи веќе излегува од земјата во речиси совршена состојба. Освен редовните, ригорозни проверки на квалитетот, ретко се користат дополнителни хемикалии, што резултира со вода која не само што е безбедна, туку и вкусна.
Еколошкиот аспект е исто така неоспорен, без пластика, транспорт и непотребен отпад, финскиот систем за водоснабдување поставува златен стандард за одржливост. Во време кога водата се флашира, филтрира и пакува со големи трошоци, Финците уживаат во луксуз кој за повеќето изгледа како бајка, дека најдобрата вода е токму онаа од чешма.
Покрај здравјето и екологијата, важно е и штедењето, наместо да трошат десетици евра месечно за флаширана вода, Финците уживаат во квалитетот што доаѓа, речиси бесплатно.