
Фалсификуваната и пиратската стока сочинуваа до 2,3 проценти од глобалната трговија и до 4,7 проценти од увозот на Европската Унија во 2021 година, според извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Оваа апсолутна вредност претставува зголемување во однос на 2019 година, кога трговијата со фалсификати беше проценета на 464 милијарди долари. За увозот во ЕУ, вредноста на фалсификуваната стока се проценува на 117 милијарди долари, или 4,7 проценти од вкупниот увоз на ЕУ.
Европската Унија е клучна цел за фалсификуван увоз, при што Кина и Хонг Конг (Кина) имаат најголема вредност на запленета фалсификувана стока.
Фалсификуваната стока се движи од секојдневни производи за широка потрошувачка до луксузни стоки, со загрижувачки пораст на трговијата со опасни стоки како што се фалсификувани автомобилски делови и фармацевтски производи. И покрај намалувањето на вредноста на трговијата со фалсификувани производи по Ковид-19, изложеноста на ЕУ останува значајна бидејќи фалсификаторите се прилагодија со поместување на производството поблиску до одредишните пазари.
Фалсификаторите исто така користат онлајн платформи и модерна логистика за да се инфилтрираат во легитимната трговија, а поштенските услуги се појавуваат како примарен дистрибутивен канал. Големината на запленетите пратки генерално се намали, во 2020-21 година, пратките што содржат помалку од десет артикли учествуваа со 79 проценти од сите заплени, во споредба со 61 процент во 2017 до 2019 година, се вели во извештајот на ОЕЦД.











