Македонија во март угостила 70.902 туристи, од нив 10.410 од Германија 

Бројот на туристите во март  изнесува 70. 902, од кои 22.0 % се домашни туристи, а 78.0 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува  132. 015, од кои 28.0% се од домашните туристи, а 72.0 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за  10.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за  9.2 %, а кај странските има зголемување за  21.9 %.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 9.1 % така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 21.7 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во март 2025 година:

  • 10. 410 од Германија
  • 9.380 од Турција
  • 4. 648 од Франција и
  • 4. 504 од Грција