ЕУ со речиси 80 % учество во трговијата на Македонија

Во 2023 година забележан е раст на вредноста на извозот во однос на претходната година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во 2023 година, изнесува 512 500.5 милион денари и бележи пораст од 0.2 % во однос на претходната година. Вредноста на увезената стока во 2023 година изнесува 686 794.9 милиони денари, што е за 8.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија, кои учествуваат со  50.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 78.7 % во вкупната размена.