ЕУ воведува стандарди за заштеда на енергија и пониски сметки за струја

Европската Унија воведе свежи норми за рестрикција на употребата на енергија од страна на електричните уреди, со цел да се оствари заштеда на електрична енергија и да се намалат трошоците за корисниците, изјави денес портпаролката на ЕК за климатска акција и енергија, Ана-Кајза Итконен.

“Ажурираните ограничувања за потрошувачка на енергија на електричните апарати во режим на подготвеност почнаа да се применуваат низ цела ЕУ на 9 мај”, истакна Итконен.

Според нејзините зборови, овие регулативи ќе се однесуваат на новите производи, како што се Wi-Fi рутери и безжични звучници, кои се пуштаат во промет во ЕУ по 9 мај.

Овие чекори се преземени поради фактот што голем број електрични апарати сеуште трошат електрична енергија, дури и кога се исклучени или во мирување.

Се претпоставува дека овие активности ќе и овозможат на ЕУ да заштеди годишно 4 терават часови електрична енергија до 2030 година, што е речиси двојно поголемо од вкупната годишна потрошувачка на струја на Малта и доволно за напојување на повеќе од милион електрични возила.

Со овие мерки се очекува емисијата на јаглерод диоксид да се намали за 1,4 милиони тони, како и да се овозможи на европските домаќинства вкупна годишна заштеда од 530 милиони евра заради помалите сметки за струја.