
Во 2024 година, Европската Унија извезе земјоделски производи во вредност од 234,1 милијарди евра и увезе 194,9 милијарди евра, што резултираше со суфицит од 39,2 милијарди евра.
Во споредба со 2023 година, и извозот и увозот бележат раст од 2,8% и 6,7% на годишна основа, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.
Помеѓу 2014 и 2024 година, трговијата на ЕУ со земјоделски производи се зголеми за 59%, при што извозот се зголеми за 58%, а увозот за 60,2%, што е еквивалентно на просечен годишен раст од 4,7% за извозот и 4,8% за увозот.
Велика Британија беше главен партнер за извоз на земјоделски производи во 2024 година со учество од 23% (54 милијарди евра), по што следуваат САД (12,8%, односно 30,1 милијарди евра), Швајцарија (5,4%, односно 12,6 милијарди евра) и Кина (5,3%, односно 12,3 милијарди евра).
Поголемиот дел од увозот од ЕУ потекнува од Бразил (8,8 проценти, односно 17,1 милијарди евра), Обединетото Кралство (8,5%, односно 16,6 милијарди евра), Украина (6,7%, односно 13,1 милијарди евра) и Соединетите Американски Држави (6,1%, односно 12 милијарди евра).











