
Кинескиот гигант за електрични возила BYD очекува да основа европски центар во Унгарија, изјави извршниот директор и претседател на компанијата, Ванг Чуанфу.
Ванг на прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта изјави дека новиот европски центар ќе донесе 2.000 работни места и ќе има три функции.
Тоа ќе биде центар за продажба и постпродажни услуги, за тестирање и развој на локализирани верзии на моделите на оваа компанија.
Во април 2016 година, BYD ја изгради својата прва европска фабрика, каде што се склопуваат електрични автобуси, во градот Комар во северозападна Унгарија.
Втора фабрика во Унгарија што ќе произведува електрични возила е во изградба.
Под власта на Орбан, Унгарија стана важен трговски и инвестициски партнер за Кина, за разлика од другите земји од ЕУ кои сакаат да станат помалку зависни од втората најголема економија во светот.
Орбан почна да ја доближува својата земја до Пекинг откако дојде на власт во 2010 година. Топлите политички односи се претворија во инвестиции околу една деценија подоцна, кога производителите на батерии и електрични возила почнаа да започнуваат со производство во Унгарија, објавува Срна.











