Доларот ослабе, цените на нафтата стагнираат

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути останува под притисок, втор ден по ред, поради намалувањето на рејтингот на САД од страна на „Мудис“.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна утрово на 100,32 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,84 поени.

Во исто време, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,30 на 144,70 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото се искачи на 1,1250 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1180 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар ослабе утрово за 0,24 проценти, на 65,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,05 проценти, на 62,70 долари.