Европската Унија воведува построга контрола на буџетот

Земјите-членки на Европската Унија ќе мора да исполнат специфични реформски цели за да можат да добиваат исплати од следниот долгорочен буџет на европскиот блок, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

“Секоја транша од финансирањето ќе биде распределена кога ќе се постигнат договорените цели“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека овој систем претставува најсилен поттик за „завршување на работата“.

Фон дер Лајен вети дека ќе ги модернизира двете најголеми и политички најчувствителни програми за трошење на блокот, Заедничката земјоделска политика (ЗЗП), која обезбедува субвенции за земјоделците, и Кохезиската политика, која го поддржува економскиот развој и инвестициите во посиромашните региони.

Овие две програми заедно сочинуваат околу две третини од долгорочниот буџет на Европската Унија, кој вкупно изнесува 1,2 милијарди евра.

Предложената реформа на седумгодишниот паричен фонд на ЕУ, познат како Повеќегодишна финансиска рамка (MFF), би можела да му даде на Брисел поголема контрола врз начинот на распределба на парите.

Ревизијата на контролата на буџетот веројатно ќе ги влоши длабоките несогласувања меѓу побогатите земји-членки на ЕУ во северна и западна Европа, кои силно го поддржуваат принципот „пари за реформи“, и посиромашните земји во јужна и источна Европа, пренесува Еуроњуз.