
Од Македонска берза информираат дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Стопанска Банка АД Битола на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Стопанска Банка АД Битола на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на друштвото.
Инаку во вторникот Стопанска банка АД Битола ја информира јавноста дека добила известување од српската компанија Алта Гроуп ДОО Београд за намера за понуда за преземање на 100% од обичните акции со право на глас издадени од банката. Намерата за преземање е објавена на 20 мај 2025 година, а цената што Алта Гроуп ја предлага за една акција изнесува 3.777 денари.











