ОПЕК Плус разгледува трето последователно зголемување на производството на нафта во јули

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (ОПЕК Плус) разгледуваат трето последователно зголемување на производството на нафта во јули.

Членките на ОПЕК+ разговараат за зголемување на производството за 411.000 барели дневно во јули, што е три пати повеќе од првично планираното, но конечната одлука нема да биде донесена до 1 јуни, изјавија анонимни делегати на организацијата за Блумберг.

Официјално, ОПЕК плус ја зголемува понудата за да ја задоволи побарувачката, но според неофицијални извори, зад одлуката стојат други мотиви: казна за членовите што ги прекршуваат квотите, враќање на изгубениот пазарен удел и политички отстапки кон американскиот претседател Доналд Трамп.