Статистика за транспортот во Македонија: Пад во товарниот превоз – Железницата со најголем пад

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во текот на првиот квартал од 2025 година, во патниот патнички транспорт регистрирани се 962 илјади превезени лица. Во сегментот на градскиот и приградскиот превоз, бројката достигна 8 882 илјади.

Во железничкиот сообраќај, евидентирани се 61 илјада патници, додека воздухопловниот транспорт забележа 631 180 превезени патници.

Во однос на товарниот транспорт, споредбено со првиот квартал од 2024 година, забележан е пад. “Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e намалено за 12,0 %, во железничкиот превоз за 21,9%, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 1,6%.”