
Вредностите на американските акции беа нестабилни, поради стравувањата од раст на националниот долг и дефицитот во Соединетите Американски Држави.
По отворањето на американските берзи, индексот Дау Џонс изгуби 80 поени, или 0,2 проценти од својата вредност, додека S&P 500 порасна за 0,1 процент, а Nasdaq за 0,5 проценти, објави CNBC.
Состојбата на берзите се одрази и во фактот што вчера членовите на Претставничкиот дом од владејачката Републиканска партија го одобрија законот, кој вклучува пониски даноци и дополнителни воени трошоци.











