Во пензија на 70 години – европска држава ја крена границата

Данскиот парламент усвои закон со кој постепено се зголемува возраста за пензионирање на 70 години до 2040 година. Ниту една земја во Европската унија нема повисока возраст за пензионирање.

Откако во 2006 година беше воведено поврзувањето на возраста за пензионирање со очекуваниот животен век (просечно 82 години), Данска ја прилагодува границата за пензионирање на секои пет години. Моментално, таа има 67 години, а се предвидува дека ќе порасне на 68 во 2030 година, а на 69 во 2035 година.

Новата старосна граница од 70 години ќе важи за сите родени по 31 декември 1970 година. Многу работници во Данска ја сметаат оваа промена за неправедна, особено оние кои извршуваат физички напорни работни места.

„Работиме и работиме, но не можеме само вака да продолжиме“, изјави Томас Јенсен за данските медиуми.

„Можеби е различно за оние што работат во канцеларија, но за физичките работници ова е многу тешко. Цел живот плаќам даноци. Треба да се остави и малку време за децата и внуците“, вели Јенсен