Ниту доларот ниту еврото: Оваа валута станува сè посилна

Норвешката круна достигна 16-неделен максимум во однос на доларот.

Потрагата по алтернативи на доларот го поддржува растот на вредноста на норвешката круна, објавува „Мина“.

Норвешката круна, валутата на една од најпросперитетните земји во Европа, забележа зголемување на вредноста и во однос на доларот и во однос на еврото.

По веста дека Израел би можел да изврши напад врз Иран и да ги уништи неговите нуклеарни постројки, цените на нафтата почнаа да растат.

Норвешка, како еден од најважните европски производители на нафта и гас, го почувствува позитивниот ефект од овој раст врз својата валута.

Аналитичарот на ING Bank, Франческо Песоле, изјави дека потрагата по алтернативи на доларот е во корист на норвешката круна и другите европски валути.