Профитабилноста на соларните електрани низ Европа падна на историски минимум

Профитабилноста на соларните електрани низ Европа падна на историски минимум, а најлоши резултати се забележани во Шпанија и Франција, според податоците објавени денес од Лондонската берзанска група (LSEG).

Според LSEG, просечната стапка на зафаќање,  (capture rate), индикатор за профитабилноста на обновливите извори, во Шпанија паднала од 43 проценти во истиот месец минатата година на само седум проценти во мај.

Причината за ова опаѓање е комбинација од исклучително сончева пролет и ненадејно зголемување на соларниот капацитет, кој почна да ја преплавува мрежата со вишок енергија.