Во март: Вкупната потрошувачка на природен гас е намалена за 9.2 %

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2025 година изнесува 469 417 МWh, што претставува 80.4 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.

Во март 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:584 042 МWh електрична енергија, 20.847 милиони nm3 природен гас, 534 635 тони јаглен и 88 262 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 80.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. Во март 2025 година во однос на март 2024 година:

  • Вкупната потрошувачка на природен гас е намалена за 9.2 %
  • Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 7.8 %