
Основачот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека првиот град на Марс ќе се вика „Терминус“.
Оваа информација беше објавена на социјалната мрежа „X“ (порано Твитер), каде што Маск често споделува клучни новости за неговите амбициозни планови за колонизација на Црвената планета.
Elon Musk says the first city on Mars will be named “Terminus.” pic.twitter.com/paUI8gloDt
— Tesla Owners Silicon Valley (@teslaownersSV) May 26, 2025
Името „Терминус“, што во превод значи „крај“ или „последна станица“, може да се протолкува како симболично, крај на еден свет и почеток на друг, т.е. прва постојана човечка населба надвор од Земјата.
Маск со години навестува изградба на самоодржлива колонија на Марс, а неговата цел е човечкиот вид да стане мултипланетарен. Иако нема точен временски рок кога Терминус всушност би можел да биде изграден, Маск претходно ги спомена 2030-тите како клучна деценија за првите мисии со екипаж.











