Скапо пиво на Октоберфест – колку ќе чини литар оваа година?

Гостите на Октоберфест ќе платат повеќе – пивото најскапо досега

Цената на пивото на Октоберфест повторно ќе поскапи и на овогодинешниот фестивал еден литар ќе чини помеѓу 14,50 и 15,80 евра, објави градот Минхен.

Тоа е во просек за 3,52 проценти повеќе од минатата година, кога еден литар чинеше помеѓу 13,60 и 15,30 евра, а безалкохолните пијалоци исто така ќе поскапат, објавува „Еуроњуз“.

Како организатор на фестивалот, градот проверува дали цените пресметани од угостителите се соодветни и ги споредува со цените на големите угостителски објекти во Минхен, каде што литар пиво моментално чини 7,70 и 13,40 евра.

Пивото на Октоберфест е посебно и има околу шест проценти алкохол. Покрај тоа, угостителите имаат трошоци за поставување и отстранување на шатори во текот на двете фестивалски недели, како и за настапи во живо.

Организаторите внимателно ги мереа цените и ја зедоа предвид инфлацијата, рече Петер Инселкамер, портпарол на угостителот. Од 2004 година, цените на пивото на фестивалот се зголемија приближно двојно, бидејќи пред 20 години литар чинеше помеѓу 6,70 и 7,10 евра.

Овогодинешниот Октобeрфест започнува на 20 септември и ќе трае до 5 октомври. Се смета за најголем фолклорен фестивал во светот, а минатата година имаше околу 6,7 милиони гости.