
Саудиска Арабија, Русија и шест други членки на ОПЕК+, кои почнаа да го зголемуваат производството на нафта во април, објавија ново големо зголемување на производството во јули.
Тие ќе екстрахираат дополнителни 411.000 барели нафта дневно, се вели во соопштението, што е три пати повеќе од првично планираното, пренесува Бета.
Покрај Саудиска Арабија и Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман прифатија дополнителни доброволни намалувања на производството во вкупен износ од 2,2 милиони барели дневно во последните години за да ги одржат цените на нафтата.
На почетокот на годината, тие одлучија постепено повторно да го зголемуваат производството, но оваа пролет одлучија да го забрзаат темпото. Оваа промена на политиката предизвика цената на нафтата да падне на околу 60 долари за барел, што е најниско ниво за четири години.
Аналитичарот од „Ристад Енерџи“, Хорхе Леон, за АФП изјави дека „тоа е стратешка корекција со геополитичка цел – Саудиска Арабија се чини дека ги исполнува барањата“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари побара од Ријад да произведува повеќе нафта за да ја направи поевтина, како и горивото што го купуваат граѓаните.











