
Фирмите кои даваат брзи кредити последниве години се доста актуелни кај населението. Овие фирми на граѓаните им нудат полесен, побрз и поедноставен начин да дојдат до потребните финсиски средства отколку преку банкарскиот систем. Со користење на современите технолошки решенија преку компјутер или мобилен телефон, можат да се завршат сите процедури за аплицирање, брзо да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во краток рок да се добијат бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена.
Со зголемување на потребата од брзи кредити се зголеми и нивниот број, а растат и профитите на овие фирми. Според податоците од БизнисМрежа.мк најголем вкупен приход во 2021 година остварил ИУТЕ КРЕДИТ од 725,7 милиони денари, зад него е ФИНМАК со вкупен приход од 506,4 милиони денари, потоа следи ФЛЕКС КРЕДИТ со 248,4 милиони денари, на четврто место е КРЕДИСИМО со 173,2 милиони денари и на петто со 46,9 милиони денари е ЕАЗУ ФАЈНАНС.
Во 2024 година најголем вкупен приход остварил ФИНМАК од 1,39 милијарди денари, потоа ФЛЕКС КРЕДИТ со 1,38 милијарди денари, па ИУТЕ КРЕДИТ 1,2 милијарди денари, М КЕШ со 667,7 милиони денари, КРЕДИСИМО со 317,6 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 189,4 милиони денари.
ФЛЕКС КРЕДИТ со нето добивка од 430,8 милиони денари е на врвот на листата во 2024 година, потоа следат ФИНМАК со 308,3 милиони денари, М КЕШ со 123,04 милиони денари, ИУТЕ КРЕДИТ со 122,3 милиони денари, КРЕДИСИМО со 76,08 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 71,9 милиони денари.
Најголеми расходи во 2024 година има ИУТЕ КРЕДИТ од 1,1 милијарди денари, потоа ФИНМАК од 1,01 милијарди денари, ФЛЕКС КРЕДИТ со 863,2 милиони денари, М КЕШ со 506,3 милиони денари, КРЕДИСИМО со 219,5 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 109,1 милиони денари.
Инаку овие кредити граѓаните најчесто ги користат за покривање неочекувани трошоци за здравство, образовние, за поправки во домот и слично.
Целиот текст на Локално.мк.











