
Шведската компанија „Волво Карс“ денес објави дека нејзината продажба во мај се намалила за 12 проценти на годишно ниво на 59.822 возила.
Според извештаите, продажбата на целосно електрични автомобили од „Волво“ се намалила во мај за 27 проценти на годишно ниво и сочинувала 21 процент од вкупната продажба, објавува „Ројтерс“.
Продажбата на електрифицирани автомобили како целина, вклучувајќи ги и хибридните возила со приклучок, се намалила за 20 проценти и сочинувала 44 проценти од вкупната продажба. Компанијата не даде детали за регионалната продажба.











