
Цените на угостителските услуги во мај 2025 година се зголемени за 0.4 % во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2025 година во однос на април 2025 година e 100.4. Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2025 година во однос на истиот месец од претходната година е 104.5.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2025 година во однос на истиот период од минатата година е 105.5, додека во однос на декември 2024 година е 101.3.
Главни поенти
Цените во угостителството, по групи, во мај 2025 година во однос на април 2025 година се зголемени за:
- 4.5 % кај Храна
- 2.4 % кај Алкохолни пијалаци
- 1.8 % кај Безалкохолни пијалаци.











