Потрошувачката на гас во Русија минатата година се зголеми за 5,2 проценти

Потрошувачката на гас во Русија минатата година се зголеми за 5,2 проценти и достигна ниво од 521,5 милијарди кубни метри, што беше предизвикано од постудената зима, објави  Газпром во својот годишен извештај.

Руската државна компанија истакнува дека главен удел во зголемената потрошувачка имала енергетската и нафтената индустрија, како и станбениот и комуналниот сектор, како и општото население, објави ТАСС.

„Потрошувачката се зголеми и во земјоделскиот сектор, главно благодарение на спроведувањето на регионалните програми за гасификација и регазификација“, објави Газпром.