Кинескиот BYD има долг од 70 проценти од својата вредност, акциите паднаа за 12 проценти

Најголемиот кинески производител на електрични автомобили BYD има долг што е 70 проценти од неговата вредност, а акциите на компанијата паднаа за повеќе од 12 проценти во последните две недели, губејќи околу 20 милијарди долари.

Главната причина е ценовната војна, пишуваат азиските медиуми, која трае веќе неколку години во најголемата азиска земја.

Ценовната војна се засили во последните месеци, а „BYD“, иако убедливо најуспешниот производител со дури 260.000 еколошки возила продадени во април во Кина, сè повеќе го чувствува притисокот од следбеници како „Geely“, „Xpeng“, „Cherry“ или „Lipmotors“, па затоа се обидува да ја зачува својата позиција со чести акции за намалување на цените, кои достигнуваат до една третина од вредноста на автомобилот.