По истрагата се огласија од Харибо- еве што велат за канабисот во бомбоните

Компанијата „Харибо“ објави дека канабисот пронајден во нејзините гумени бомбони со вкус на кола не бил дел од процесот на производство.

Портпаролот на компанијата потврди дека се извршени лабораториски тестови на примероци од складираната серија бомбони, суровини и готови производи кои веќе биле во продажба во Холандија, пишува „NL Times“.

Сите резултати биле негативни, што значи дека немало докази за контаминација на производот.

Нашите внатрешни истраги покажаа дека немало неправилности во производството – рече портпаролот.

Иако потеклото на канабисот пронајден во бомбоните е сè уште непознато, извештаите се однесуваат на еден специфичен производ во источниот дел на Холандија.

По известувањето, Харибо ја повлече целата серија производи – кесички „Haribo Happy Cola F!ZZ“, со рок на траење до јануари 2026 година, пишува Танјуг.

Според информациите од болницата, две деца биле хоспитализирани откако консумирале гумени бомбони.

Едно дете било привремено во кома, додека други членови на истото семејство исто така покажале симптоми по консумирањето на тие бомбони.